Силното невреме кое го погоди Скопје предизвика сериозни материјални штети и сообраќаен колапс на повеќе локации низ главниот град, алармираат читатели.

Според дојавите, најкритично е во општините Центар и Карпош, како и во населбите Дебар Маало, Ченто, Капиштец, Лептокарија и Карпош 4.

На овие локации силниот ветер откорнал бројни дрвја и срушил делови од фасади на станбени објекти.

Оштетени се стотици автомобили.

Покрај материјалната штета, невремето предизвика и сериозни технички дефекти во сообраќајната инфраструктура.

Во моментов целосно се исклучени и не работат семафорите на крстосницата меѓу Булевар Србија и Булевар Борис Трајковски.

Иста е состојбата и кај крстосницата кај фабриката „Раде Кончар“.

Exit mobile version