Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави
1. Два подвозника со заглавени коли (пред кружниот тек во Бутел, бул.Србија во Кисела Вода).
2. Три кружни токови (кај Ист гејт, опш.Гази Баба; кај Мото Центар и Цементара, опш.Кисела Вода; кај Железара, опш.Гази Баба).
3. Улица Јордан Мијалков позади Дајмонд мол е поплавена.
3. Поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда, Чаир,
4. Пријава за поплавен магацин на Веро во Чаир и магацин на приватна фирма во Кисела Вода.
5. Паркинзи и улици низ паркинзите во населбите Кисела Вода – Расадник и нас.Аеродром.
Поради невремето и поплавените улици, кружни текови и подвозници отежнато е или воопшто нема движење на возилата.


