Вистинска драма се случувала на Клиниката за онкологија во Скопје, откако по силното невреме целосно бил поплавен долниот кат каде се врши радиотерапија на најтешко болните пациенти, објави порталот „Скoпjе1“.

Поради навлегувањето на водата, персоналот експресно и во паника ги исклучил сите скапи апарати за зрачење, со цел да се спречи катастрофа од струен удар и поголема материјална штета.

Како што пишува порталот, во моментот на поплавата една пациентка се наоѓала на специфичен третман со јод, која медицинските лица не можеле веднаш да ја извадат од просторијата поради надојдената вода.

Раководството на болницата уверува дека веднаш стапиле во контакт со Агенцијата за радијациона сигурност и дека во ниту еден момент немало пациенти кои биле изложени на реален ризик.

„Апаратите се навремено исклучени“, изјавил директорот на Клиниката, Игор Стојковски, потврдувајќи го инцидентот за „Скопје1“.

Exit mobile version