Close Menu
Press24
    Најново

    Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди

    30.10.2026 во 16:16

    Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%

    30.10.2026 во 16:06

    Ограбена аптека во Центар

    30.10.2026 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди
    • Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%
    • Ограбена аптека во Центар
    • Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни
    • ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
    • Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“
    • Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците
    • ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа тројца дилери од Пробиштип и Злетово: Полицијата им влезе во домовите и најде поголема количина дрога

    Паднаа тројца дилери од Пробиштип и Злетово: Полицијата им влезе во домовите и најде поголема количина дрога

    12.10.2026 во 12:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три лица од Пробиштип и Злетово се приведени откако полицијата изврши претрес во нивните домови и пронајде поголема количина дрога, марихуана, грутчеста материја и семки од растението канабис.

    Претресите биле извшени вчера, а еден од нив заврши и во 30-дневен притвор. Полицијата ги објави нивните идентитети. Станува збор за МА.(34) од с.Злетово, К.Т.(23) од Пробиштип и К.А.(30) од с.Злетово.

    -При претрес во домот на М.А. во Злетово, узвршен со судска наредба, пронајдени се и одземени грутчеста материја и една дробилка.  При претрес во домот на К.Т. во Пробиштип, извршен, исто така, со судска наредба, пронајдена е марихуана.

    И во домот на К.А. во Злетово, со судска наредба е извршен претрес без негово, но со присуство на неговите родители, пронајдени се и одземени неколку пакувања со грутчеста материја, марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, една дробилка со остатоци од марихуана и предмети со остатоци марихуана. Додека траел претресот во неговиот дом, тој со возило дошол пред дворот, по што е лишен од слобода. 

    Против тројцата е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на К.А. му е определена мерка притвор од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката, велат од МВР.

    Прочитај повеќе

    Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди

    30.10.2026 во 16:16

    Ограбена аптека во Центар

    30.10.2026 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.