Корисници од целиот свет пријавуваат сериозни проблеми со поврзувањето и паѓање на некои од најпопуларните социјални мрежи, но и на големи телекомуникациски оператори.
Според податоците од платформата „Даундиректор“ (Downdetector), која ги следи прекините во реално време, забележан е нагол скок на пријави за дефекти кај повеќе технолошки гиганти.
Корисниците се соочуваат со неможност да ги освежат почетните страници или воопшто да пристапат до апликациите Инстаграм, Фејсбук и Месинџер.
Графиците на „Даундиректор“ покажуваат остар, вертикален скок на пријавите и кај апликациите за комуникација и кај главните платформи.
Прекинот не е ограничен само на социјалните мрежи, туку нагло се зголемува и бројот на поплаки за интернет-врската кај големи телекомуникациски оператори.
Забележан е остар скок на дефекти кај оптичкиот интернет на Фидиум Фибер (Fidium Fiber), како и кај услугите на Верајзон (Verizon) и Т-Мобиле (T-Mobile).
Засега нема официјално соопштение од компаниите за причините кои го предизвикаа овој масовен и симултан прекин во интернет-сообраќајот.


