Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна првиот снег и во Босна и Херцеговина

    Падна првиот снег и во Босна и Херцеговина

    23.09.2026 во 10:422 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако првиот снег се појави на Стара Планина, Рила и Родопи, зимските врнежи ги зафатија и дел од другите земји на Балканот. Првите снегулки за оваа сезона паднаа на планинските врвови во делови од Босна и Херцеговина и Србија, пренесе хрватскиот медиум „Индекс“.

    Снег ги изненади жителите на Копаоник и Голија, најавувајќи го скорошното пристигнување на зимата, објави 4news.mk. На Копаоник, познат скијачки центар во Србија, врнеше снег, а температурата се спушти до 1 степен Целзиусов. Иако снежна покривка сè уште не се формира, првите снегулки ги израдуваа љубителите на зимските спортови.

    Снег паѓаше и на планината Голија, на подрачјето на општина Ивањица. Иако локалното население е навикнато на долги и студени зими, снег на крајот од септември неизбежно го привлекува вниманието, додека во пониските предели и понатаму се мерат значително повисоки температури.

    Според жители од селата на Голија, снежните врнежи се интензивни, но поради релативно топлиот воздух не се задржуваат на земјата.

    Локалните жители изјавија за агенцијата РИНА, а пренесе порталот „Бљесак“: „Врне прилично обилно, но снегулките веднаш се топат. Навикнати сме на долги и студени зими, но снег во септември сепак привлекува внимание“.

    Голија е позната по променливите временски услови, а мештаните велат дека таму знае да заврне снег речиси во секој месец од годината, со исклучок на јули. Метеоролозите објаснуваат дека станува збор за краткотрајни снежни врнежи што нема да доведат до формирање на покривка, но првите снегулки се јасен знак дека следуваат постудени денови.

    Слични појави се забележани и на височинските предели во Босна и Херцеговина, каде што снегот се јави само на повисоките коти, додека во долините преовладува есенско време.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.