Овде се плаќа се освен воздухот: Во Хрватска цените малку паднаа, но и понатаму се превисоки
Туристичката сезона е во ек, а гостите во Хрватска, освен сместување, храна, пиење и излет, плаќаат и употреба пример на клима уред, поради што мора да имаат паричник при рака.
Еден хотел во Опатија наплаќа 350-450 долари по ноќевање, и иако Хрват со просечна плата не може да си приушти таков луксуз, хотелот е полн.
„Не спуштивме цена за време на короната, напротив, благо ја зголемивме, токму затоа што непрестано работиме на подигнување на нашето реноме и гастро понудата“, рекол директорот на луксузниот хотел во Ријека, Филип Капетановиќ за Дневникот на Нова ТВ.
Иако цените во хотелите не паѓаат, цените за ноќевање во становите оваа сезона паѓаат.
„Плативме само 65 евра за две ноќи на Плитвичките езера. Имавме 57-58 евра во приватно сместување во Марина, што е исто така во ред и 55 евра дневно во Црквеница“, рекла Билјана, туристика од Германија.
Грејс од САД се согласува со неа и ги смета цените за многу пристапни.
„Тоа е евтино“, рекол Грејс.
Меѓутоа иако цените во Хрватска се можеби прифатливи за странци, домашните гости не се пресреќни. За време на сезоната, внимателно се бираат места на кои ќе се плати кафе затоа што цената зависи од локацијата. На пример, кафето во баровите подалеку од центарот на градот чини од 8 до 10 куни, додека во центарот чини 13 куни.
Мештаните се шегуваат дека се плаќа се освен воздухот - од лежалку го чадори на плажите, до такси превоз кој е три пати поскап отколку на континентот. На пример возењето од Задар до аеродром, оддалечен 13 километри може да чини околу 800 куни, ако не се договорите за цената со таксистото.
Ако својот автомобил сакате да го паркирате во Дубровник, целодневната карта може да ве чини и до 1500 куни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа