На вчерашните повторени локални избори во четири општини, граѓаните ги избраа своите нови локални лидери. Според првичните резултати, во Гостивар убедлива победа извојува кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција (НАИ), Ваљбон Лимани. Тој освои над 64 проценти од гласовите, победувајќи го противкандидатот од коалицијата ВРЕДИ, Невзат Бејта.

Промена на локалната власт има во Маврово-Ростуше, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакуповски, освои повеќе од двојно повеќе гласови од кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Анес Ахмети.

Во Врапчиште, довербата ја доби Исен Шабани од НАИ, за кого гласале над 61 процент од граѓаните, победувајќи го независниот кандидат Зуљхајрат Демири. Во Центар Жупа, каде единствен кандидат беше Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците (ДПТМ), тој ја доби поддршката на 97% од излезените гласачи.

Exit mobile version