Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својата социјална мрежа „Truth Social“, со која повторно предизвика внимание во јавноста, наведувајќи дека покрај тоа што е 45-ти и 47-ми претседател на САД, од јануари 2026 година е и вршител на должноста претседател на Венецуела.
На објавената фотографија, Трамп наведе дека ја извршува функцијата претседател на Венецуела, што доаѓа по американската воена операција спроведена на 3 јануари во таа земја. Во операцијата беа уапсени венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.
Според претходните соопштенија, Мадуро и Флорес беа приведени со цел да им се суди во Њујорк, каде се соочуваат со обвиненија за трговија со дрога и оружје.
Објавата на Трамп предизвика реакции и шпекулации во јавноста, со оглед на тоа што станува збор за невообичаено тврдење поврзано со политичката ситуација во Венецуела и улогата на САД по апсењето на Мадуро.

