Ова е студентот од БиХ кој беше убиен во Лондон: Неговата мајка скршена -„Мислев дека е на фудбал, па дојде полицијата и ми кажаа дека е мртов“

Свен Баџак (22), студент од Босна и Херцеговина, е убиен во Лондон, а неговиот 16-годишен пријател е во критична состојба по нападот со нож во населбата во северозападот на британската престолнина.

Баџак почина на самото место, а лекарите се борат за животот на неговиот пријател Боби. Мајката на Свен, Јасна, по потекло од Мостар, за локалните медиуми изјави дека тој е нејзиното единствено дете и дека тој е одличен студент кој сакал да стане адвокат.

Наводно, младиот човек отишол да купил сок во блиската продавница, а потоа бил нападнат и убиен. Полицијата верува дека има околу 8 осомничени.

Скај Њуз известува дека Баџак и неговиот 16-годишен пријател се скарале со група мажи. Тие се разделиле, а Баџак паднал на земја, по што бил нападнат од лица од споменатата група, соопшти полицијата.

Неговиот пријател исто така е нападнат, но успеал да побегне во продавницата. Тој се наоѓа во критична состојба во болнциа. Баџак по нападот итно е хоспитализиран, но починал и покрај напорите на персоналот, соопшти портпаролот на полицијата.

-Му се јавив, но не ми креваше. Мислев дека игра фудбал или нешто, меѓутоа, после дојде полицијата и ми рече дека Свен е мртов, раскажува мајката скршена од болка.

Јасна Баџак (49) мајката на Свен рече дека верува дека нејзиниот син единец би можел да стане премиер зошто бил многу вешт во дебатите, што го усовршувал во приватното училиште Ветерби, каде се школувале и принцовите Вилијам и Хари, а потоа и на Универзитетот Рохамптон каде студирал социологија.

-Тој ми беше единец, направив се што можев да добие добро образование. Последно што ми рече е: „Ти благодарам и те сакам“ по телефон. Секогаш доаѓаше да ме гушне пред да излезе од дома, постојано го потсетував да мие раце… Го бакнував секој ден, а ако прескокнев тој се жалеше, раскажа Јасна за „Стандард“.

-Беше многу шармантен, ги маѓепсуваше сите на кои наидуваше, вклучувајќи ги и професорите. Беше многу уверлив… можеше да стигне до врвот и да стане премиер. Беше убав и тоа го знаеше. Го прогонуваа многу модни агенции но тој мислеше дека тоа е премногу површно, сакаше да биде адвокат, вели мајката Јасна.

Таа во Лондон пристигнала бегајќи од војната во Југославија, и рече дека не се чувствува безбедно -иако сега е во друга земја.

-Некогаш секој ден ми држеа „калашников“ вперен во лице, а сега и во Велика Британија не се чувствувам безбедно. Мојот син се гнасеше од насилство, ни на крај памет не му падна дека ќе влета во него, рече таа.

-Одбивав да му подарувам светликави работи како „Ролекс“ или слично што некои би сакале да му го одземат. Свен никогаш никого не би повредил, им помагаше на старците на улица, им даваше пари на безбдомниците. Насилство немаше на неговата планета.

-Сакам, кој и да го направи ова да биде затворен до крајот на животот како и сите кои му помогнале или лажеле за него. Апелирам нивните мајка да ја направат вистинската работа, апелира мајката за „Стандард“.

Полицијата во меѓувреме најави зголемено присуство на улиците во британската престолнина.

-Ова беше варварски напад на јавно место и заедницата со право ќе биде шокирана, рече инспекторот Гај Елвуд додавајќи дека поради тоа ќе има повеќе полицијата на улиците во престојните денови.

Убиството на Баџак е едно од двете во Лондон кои се случија во период од 24 часа, наведува „Скај њуз“. Полицијата не верува дека двата случаи се поврзани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега