Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), објави повик за учество на второто издание на Националната младинска летна школа.

Повикот е наменет за млади од Македонија на возраст од 15 до 29 години, а школата ќе се одржи од 14 до 18 септември 2026 година во Дојран.

На школата ќе учествуваат околу 60 млади луѓе, кои преку интерактивни активности ќе имаат можност да се запознаат со врсници од целата земја, да разменат искуства и да стекнат нови знаења и вештини поврзани со личниот развој, интерперсоналните односи и тимската работа.

Програмата ќе се базира на пристапот „Спорт за развој“, при што спортот ќе се користи како педагошка алатка за развој на младинските вештини, подобрување на вработливоста и личниот развој.

Работни јазици на школата ќе бидат македонски и албански, а трошоците за превоз, сместување и оброци за учесниците се целосно покриени од организаторите.

Од Министерството ги охрабруваат сите заинтересирани млади од 15 до 29 години да се пријават за учество.

Пријава и повеќе информации

Exit mobile version