На 1 септември 2026 година, околу 15:45 часот, во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Х.А. (28) од Радовиш, Д.П. (22) од селото Злеово и Ј.П. (26) од селото Подареш.

При претрес во домот на Х.А., извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.

Во службениот разговор, Х.А. изјавил дека марихуаната претходно во неговиот дом ја донеле Д.П. и Ј.П.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version