Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија

    Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија

    26.08.2026 во 15:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов  и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити денеска присуствуваа на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина.

    Центарот е воспоставен во Општина Гевгелија преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Апликант е Општина Гевгелија, додека давател на услугата е Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија.

    Со воспоставувањето на Центарот ќе се обезбедува достапна, квалитетна и континуирана социјална услуга во заедницата, наменета за лица над 65 години, особено за оние кои живеат сами или со брачен партнер, се изложени на ризик од осаменост и социјална изолација или имаат потреба од дневна поддршка, дружење и активен начин на живот.

    Центарот има капацитет за 50 корисници, а ќе работи пет дена во неделата. Активностите ќе се организираат согласно индивидуалните потреби, можности и интереси на корисниците.

    Во рамки на Центарот ќе се реализираат социјални, културни, едукативни, креативни, рекреативни и здравствено-превентивни активности, со цел подобрување на квалитетот на животот, одржување на функционалноста, поттикнување на активното стареење и поголема вклученост на повозрасните лица во локалната заедница.

    „Нашата цел е социјалните услуги да бидат што поблиску до граѓаните и да создадеме услови секој човек, без оглед на возраста, да има можност за достоинствен, активен и квалитетен живот. Центрите од ваков тип се важни затоа што не нудат само дневен престој, туку создаваат простор за дружење, активности, поддршка и повторно поврзување со заедницата“, истакна министерот Велковски.

    Центарот располага со целосно опремен и функционален простор, со простории за дружење, одмор и групни активности, целосно опремена кујна, како  и услови за безбедно движење на корисниците.

    Отворањето на Центарот е потврда дека со соработка меѓу институциите, локалната самоуправа и организациите кои работат директно со граѓаните, можеме да создадеме услуги кои имаат вистинско и директно влијание врз квалитетот на животот на луѓето.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.