Отпочнуваат подготвителните активности за вежбата „Swift Response 22“

Армијата на Република Северна Македонија со цел транспарентно прикажување на  активностите кои можат да предизвикаат зголемен интерес, информираме дека од утре, 22 април 2022 година отпочнуваат активности кои се однесуваат на пристигнување на персонал и потребни материјални средства за вежбата “ Swift Response 22”.

Имено, во текот на утрешниот ден отпочнува првичниот поголем транспорт на потребните воени материјални средства по копнен и воздушен пат, кои ќе се одвиваат периодично се до завршување на вежбата 31.05.2022 година.

Движењата и транспортот заради учество на вежбата се одобрени со одлуката од 32 седница на Владата на Република Северна Македонија и се целосно координирани со сите надлежни институции согласно пропишаните процедури.

 Вежбата “Swift Response 22”  е во рамки на кампањата на вежби “DEFENDER EUROPE 22“ кои редовно се изведуваат секоја година на тлото на Европа и се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка “USAREUR-AF”.  Дел од планирачкиот процес за вежбата “Swift Response 22” кој се одвиваше во тек на изминатата 2021 година година, се реализираше и во нашата држава.

       Ова е досега најголема мултинационална вежба во Република Северна  Македонија од ваков вид и единствена од осамостојувањето на државата во која ке се реализираат воздушни десанти во овој обем.

      Вежбата ќе има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции,  како и демонстрирање на капацитетите на АП „Криволак“ за изведување и на ваков вид на воени вежби.

      Делот од вежбата кој ќе се одвива во нашата држава ќе се состои од активности во воздушниот простор со изведување на падобрански десанти  и активности на терен со учество на повеќе од 4000 војници од Армиите на осум НАТО земји (Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Грција, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија).

 За секоја позначајна активност поврзана со вежбата, благовремено ќе информираме, додека деталите во однос на позначајните активности ќе бидат претставени преку Брифинг за медиумите кој е планиран за почетокот на месец мај.

21.04.2022 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега