34-годишна скопјанка пријавила во полиција дека во домот на подрачјето на Бит Пазар пронашла пиштол и муниција кои му припаѓале на нејзиниот починат дедо.
Станува збор за пиштол марка „Берета“, рамка и куршуми, кои биле пронајдени во домот на семејството.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 16 ноември во 14:30 часот. Од полицијата информираат дека оружјето и муницијата се подигнати за понатамошна постапка.

