Close Menu
Press24
    Најново

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – По утринското сонце УХМР најавува лоша промена на времето

    18.11.2026 во 08:18

    Божиновска на важен состанок во Варшава – Седнува на маса со високи претставници од Европа и САД

    18.11.2026 во 08:14

    Седум часа ќе нема струја – Проверете на кои скопски улици ќе има исклучувања

    18.11.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – По утринското сонце УХМР најавува лоша промена на времето
    • Божиновска на важен состанок во Варшава – Седнува на маса со високи претставници од Европа и САД
    • Седум часа ќе нема струја – Проверете на кои скопски улици ќе има исклучувања
    • Опозициски прашања по прекинот минатата недела – Гаши откри што договориле со опозицијата
    • Следат многу пресврти со времето – УХМР со најава за следните денови
    • Пронајдени кокаин, нож и пари, приведен скопјанец
    • Џејмс Блант го исполни ветувањето: Официјално го промени името во Рајан Ер
    • Доли Партон постхумно доби три номинации за наградите Греми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Големи температурни разлики утрово низ Македонија – По утринското сонце УХМР најавува лоша промена на времето

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – По утринското сонце УХМР најавува лоша промена на времето

    18.11.2026 во 08:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Според најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во 7 часот утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка, а меѓу најстудените места се и Берово, Крива Паланка, Скопје и Струмица, каде се измерени 7 степени.

    Она што е поразлично во денешните мерења е тоа што и Скопје се најде меѓу местата со најниска утринска температура.

    Најтопло утрово било во Битола, каде се измерени 16 степени.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, кој наместа во западните делови повремено ќе достигнува брзина од над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен.

    Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

    УХМР

    Во наредните денови ќе продолжи променливото облачно време, со повремени локални врнежи од дожд со различен интензитет.

    Под влијание на јужно воздушно струење, до петок времето ќе биде релативно топло, со температури над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

    Од сабота се очекува постепено опаѓање на температурите.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Божиновска на важен состанок во Варшава – Седнува на маса со високи претставници од Европа и САД

    18.11.2026 во 08:14

    Седум часа ќе нема струја – Проверете на кои скопски улици ќе има исклучувања

    18.11.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.