СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ч.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 04.11.2026 на ул.„Февруарски поход“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо 207“, управувано од пријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени кокаин, нож и пари.
При преземањето мерки, пријавениот се однесувал агресивно кон полициските службеници.

