Close Menu
Press24
    Најново

    ВРЕДИ: Инвестиција од милион евра за Чаир – Го менуваме животот на граѓаните

    06.03.2026 во 10:11

    Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

    06.03.2026 во 10:05

    Трамп не е загрижен за зголемувањето на цените на бензинот: Ова е многу поважно

    06.03.2026 во 09:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: Инвестиција од милион евра за Чаир – Го менуваме животот на граѓаните
    • Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК
    • Трамп не е загрижен за зголемувањето на цените на бензинот: Ова е многу поважно
    • Од минус до 19 степени – УХМР со убави вести за времето
    • Политичка криза во Приштина: Османи го распушти Собранието, следат вонредни избори
    • ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко
    • ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот мотор на Македонија не застанува
    • Филипче: Постојат сомнежи дека „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Откриен обид за шверц кај наплатната рампа Петровец: Компресор за клима во автобус бил прилагоден за криумчарење

    Откриен обид за шверц кај наплатната рампа Петровец: Компресор за клима во автобус бил прилагоден за криумчарење

    18.11.2025 во 10:424 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во текот на минатите  две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани:

    – 2 употребувани фотоапарати  SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на 87.300 денари, а избегнатите давачки се во износ од 20.864 денари.

    – При контрола на стока со потекло од Кина наменета за фирма од Скопје, а пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија, откриени се 662.4 м2, керамички плочки кои не биле опфатени со царинските документи.

    – Во друг случај, во делот за товар на возило пикап кој бил запрен за контрола во близина на граничниот премин Блаце, биле пронајдени 20 употребувани делови за BMW X5 (хауба, браник, поткрила, полуосовини, зглобови, амортизери, врата, халогенки, фар, воздушно пернилче и друго).

    – Автобус со турски регистарски таблици е запрен на наплатната рампа Петровец и однесен до царинската испостава Скопје 4 со цел да се изрши детална контрола. Притоа е откриено дека внатрешноста на компресорот за климатизација е празна и прилагодена за криумчарење стока.  

    – При личен претрес на сопатничка во автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце, пронајдени се 2 грама кокаин завиткани во најлонска кесичка.

    – 1.632 играчки со ознаки на заштитена трговска марка, биле пронајдени при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад и пријавена за увозно царинење. Играчките се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

    – 39 парчиња облека и 3 женски чанти се пронајдени во две кутии кои биле сместени на седиштата на патничко комбе кое се пријавило за влез во државата на граничниот премин Табановце. Вредноста на производите изнесува 137.000 денари а избегнатите давачки се во износ од 52.773 денари.

    – Царински инспектори од Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничниот премин Богородица откриле непријавени 11 штеки цигари без акцизни маркички под возачкото седиште, на задното седиште и во багажникот на автомобил. Вредноста на цигарите изнесува 12.262 денари, а избегнатите давачки се во износ од 21.830 денари.

    Во два одвоени случаи од страна на царински службеници на граничниот премин Ново Село откриени се:

    – 45 М-ТАГ апарати за плаќање патарина кои биле сокриени во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на апаратите изнесува 69.255 денари а избегнатите давачки се во износ од 9.676 денари.

    – 1 турбина марка BorgWarner 14G25-0037 е пронајдена во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на турбината изнесува 69.255 денари, а избегнатите давачки се во износ од 15.436 денари.

    На граничниот премин Богородица во два одвоени случаи откриение се 240 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка и 59 машки џемпери.

    – Во првиот случај, при контрола на камион кој бил пријавен за влез во државата, пронајдени се 240 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка. Стоката е задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост.

    – Во вториот случај, во внатрешноста и во багажникот на автомобил, пријавен за влез во државата, биле пронајдени непријавени 59 машки џемпери.

    Царински службеници на влез во државата на граничниот премин Дојран, открија 134 текстилни производи и 232 парчиња бижутерија. Стоката била пронајдена во ќеси кои биле сместени на задните седишта и во багажникот на автомобил. Вредноста на непријавените производи изнесува 47.270 денари, а избегнатите давачки се во износ од 17.882 денари.

    На граничниот премин Табановце пронајдени се 57 парчиња облека во две патни торби кои биле сместени во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на непријавената стока изнесува 98.500 денари, а избегнатите давачки се во износ од 35.946 денари.

    Популарно

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Дипломатски „семафор“: Србија ја стави Хрватска во ризична зона, Загреб одговори со потсмев

    05.03.2026 во 20:39

    Почина поранешен македонски пратеник – Го загуби синот во автобусот на „Дурмо турс”

    06.03.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.