Освен Пандев денеска уште двајца наши фудбалери го играат последниот меч за Македонија

Капитенот на фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска ќе го одигра последниот меч за Македонија.

Но освен Пандев, според најавите ова ќе биде последен меч за уште двајца македонски репрезентативци.

Станува збор за Крсте Велкоски и Иван Тричковски, кои се меѓу највозрасните во оваа селекција, предводена од капитенот.

Фудбалската репрезентација на Македонија денес од 18: 00 часот во Амстердам против Холандија го игра последниот меч од деби настапот на едно ЕП.

21.06.2021 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа