Османи: Улогата на САД и нивното зајакнатото присуство во Западен Балкан се од суштинско значење за зачувување на регионалната стабилност

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на САД, оствари билатерална средба со помошник државниот секретар  за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

 

Во рамки на разговорот беше изразено задоволство што Северна Македонија и САД одржуваат Стратешки дијалог, преку кој се зајакнува стратешкото партнерство и се надградуваат билатералните односи меѓу двете земји. Воедно беше поздравено и сојузништвото меѓу двете земји, особено во рамки на НАТО, како исклучително значајно во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

 

„Во актуелните околности, улогата на САД и нивното зајакнатото присуство во Западен Балкан се од суштинско значење за зачувување на регионалната стабилност. Дополнително, новата геополитичка реалност ја истакнува потребата од забрзување на европските и евроатлантските процеси на земјите од Западен Балкан, што воедно претставува и гаранција за регионалната и европската стабилност и безбедност, но и го ограничува влијанието од трети земји.” – порача Османи.

 

Во рамките на разговорот, соговорниците упатија силна осуда на руската воена инвазија во Украина, што претставува напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата и сериозна закана за светскиот мир, безбедност и стабилност.

02.06.2022 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега