Close Menu
    Најново

    Драматичен пресврт: Ана Николиќ се омажи за човекот кој ја претепа и го пријави во полиција

    31.10.2025 во 23:48

    Трамп ги изгуби нервите кажа доста: Откажан самитот Трамп-Путин во Будимпешта

    31.10.2025 во 23:19

    (ВИДЕО) Силна експлозија во нафтена рафинерија, издадено вонредно предупредување

    31.10.2025 во 23:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Драматичен пресврт: Ана Николиќ се омажи за човекот кој ја претепа и го пријави во полиција
    • Трамп ги изгуби нервите кажа доста: Откажан самитот Трамп-Путин во Будимпешта
    • (ВИДЕО) Силна експлозија во нафтена рафинерија, издадено вонредно предупредување
    • Внимателно со возењето по пиење: Алкохолот останува во телото со часови – Еве колку треба да чекате
    • Родители продале бебе за 7.000 евра, купиле автомобил со парите: Полицијата ги бара
    • Молдавија доби нов премиер: Човек кој сака да ја ослободи земјата од руско влијание
    • Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје
    • Инцидент на работно место во Илинден: Колега физички нападнал вработен
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Османи:  Секој нов дуќан во Чаршијата со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка

    Османи:  Секој нов дуќан во Чаршијата со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка

    21.09.2025 во 11:12
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, продолжува да ја презентира својата јасна визија: враќање на стариот сјај на Старата скопска Чаршија и претворање во симбол на иднината на градот. Утрово, преку видео објавено на својот официјален профил на Фејсбук, Османи го посети еден занаетчиски дуќан и упати силна порака до граѓаните.

    -Чаршијата не е само пазар, таа е душата на Скопје. Таа е сведоштво на вековна традиција, на занаети што се пренесуваат од генерација на генерација и на духот што нè поврзува сите, рече Османи.

    Во визијата што ја претстави, тој подвлече дека секој нов дуќан со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка. Мајсторите и чираците кои го продолжуваат занаетот ќе бидат стипендирани. Производите што ќе се создаваат таму ќе го носат печатот „Made in Çarshi – направено во Чаршијата на Скопје“.

    -Сакам производот од Чаршијата, кога ќе се појави во Швајцарија или било каде во светот, да го носи печатот „Направено во Чаршијата“. Тоа е печат на автентичност, на историја и на иднина, нагласи Османи.

    Тој јасно порача дека во Чаршијата нема место за брза храна и комерцијални содржини кои го нарушуваат духот на просторот. Таму ќе има само традиционална храна, стари занаети и чисти улици кои ќе го вратат изгубениот сјај.

    -Нашата Чаршија е нашата гордост. Таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој. Тоа е темелот врз кој ќе ја изградиме иднината на Чаир и на Скопје, порача Османи.

    Со оваа визија, Османи ја потврдува својата решителност старата скопска Чаршија да ја постави во центарот на културниот и економскиот живот на градот.

    Популарно

    Драматичен пресврт: Ана Николиќ се омажи за човекот кој ја претепа и го пријави во полиција

    31.10.2025 во 23:48

    Трамп ги изгуби нервите кажа доста: Откажан самитот Трамп-Путин во Будимпешта

    31.10.2025 во 23:19

    (ВИДЕО) Силна експлозија во нафтена рафинерија, издадено вонредно предупредување

    31.10.2025 во 23:09

    Третооделенци од Крива Паланка преживеаја ужас на екскурзија во Битола: Автобусот разбиен и украдени лични предмети на учениците

    31.10.2025 во 19:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.