Османи: Добивме предлог-договор за решавање на спорот со Бугаријa, два члена беа неприфатливи за нас

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите откри дека минатата година во декември тогашната МНР на Бугарија Екатерина Захариева му дала предлог договор за решавање на спорот меѓу двете земји, објави ТВ21.

Како што рече Османи, два члена биле спорни за нас од тој договор, со кој се барало да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од отоманската империја.

Османи додава дека засега нема идеја за потпишување на нов договор со нашиот сосед.

29.12.2021 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега