Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Османи до „Урбаната мафија“: По 20 октомври, нема да има ниту една нова дивоградба во Чаир

    Османи до „Урбаната мафија“: По 20 октомври, нема да има ниту една нова дивоградба во Чаир

    06.10.2025 во 23:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во своето обраќање испрати силна порака до, како што ја нарече, „урбаната мафија“ која со години ја заробувала општината, збогатувајќи се на грбот на граѓаните. Тој истакна дека по 19 октомври, ниту една нова дивоградба нема да биде дозволена во Чаир.

    „Сакам денес да испратам порака до урбаната мафија, која го има заробено Чаир за корист и го разграбува, по 20 октомври нема да има ниту педа во нашата драга општина каде може да се изгради дивоградба!“, порача Османи.

    Тој нагласи дека дивоградбите се симбол на неправда и дека мора да се стави крај на коруптивните практики што ја уништуваат општината.

    „Не можеме да дозволиме некои олигарси да се збогатуваат на ваш грб, земајќи ви ја водата, тротоарите, патиштата, здивот, вашиот воздух“, изјави Османи, додавајќи дека Чаир повеќе нема да биде најкорумпираната општина во Скопје.

    Во врска со стравот на граѓаните за уривање на нивните домови, Османи беше прецизен:

    „Нема да ги рушиме ниту објектите без дозвола што веќе се изградени. Луѓето ги потрошија своите животни заштеди за да купат станови. Денес живеат со анксиозност и страв, страв дека утре можат да ги загубат домовите што со години ги создавале. Но јас ветувам: нивните домови нема да бидат допрени.“

    Тој потенцираше дека целта на неговата програма е токму спротивното, а тоа е зголемување на вредноста на имотите на граѓаните. Османи истакна дека неговиот пристап е заснован на решенија, не на казни, и дека ќе внесе дисциплина, нова етика и отчетност во работењето на општината.

    „Не влегувам во општината Чаир да ја водам, туку да ве инспирирам вас да почне нова ера заедно со мене. Да работиме со други приоритети, со дисциплина друга, со посветеност друга“, додаде тој.

    Османи се осврна и на проблемот со чистотата и јавната хигиена, нагласувајќи дека Чаир мора да ја врати сликата на достоинствена, чиста и здрава средина.

    „Ако сме познати по чистотата на нашите домови, тогаш зошто нашиот Чаир да биде најнеуредна општина? И Чаир е нашиот двор, единствениот дом каде што растат нашите деца“, рече Османи.

    Тој подвлече дека чистотата е прашање не само на естетика, туку и на здравје, и дека токму затоа ова ќе биде еден од неговите први приоритети.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.