Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода доби нов градоначалник. Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Филип Темелковски, кој воедно беше негов противкандидат на овие локални избори. При примопредавањето Темелковски му честита и му посака среќа и успех со раководењето на општината во наредниот четиригодишен период.

Ѓорѓиевски му се заблагодари и најави дека веднаш почнува со реализирање на зацртаното, односно дадените ветувања пред граѓаните, кои се дел од изборната програма.

„Првите чекори се вршење увид во тековните работи во општина Кисела Вода, ревизија во актуелните случувања, како и ревизија во работата во изминатиот четиригодишен период за точно да се утврди фактичката состојба“, рече Ѓорѓиевски.

Напомена дека уште од првиот ден почнува со транспарентно и отчетно работење со граѓаните сѐ до реализација на целосната програма, која е креирана заедно со и исклучиво во интерес на граѓаните. Оттука, најави и дека Кисела Вода ќе биде општина во која градоначалникот ќе биде достапен за секој свој жител.

27.10.2021 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега