Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орце Ѓорѓиевски: Скопје заслужува повеќе – ќе покажеме дека може и поинаку

    Орце Ѓорѓиевски: Скопје заслужува повеќе – ќе покажеме дека може и поинаку

    20.09.2025 во 14:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со инспиративна порака до скопјани ја претстави својата визија за иднината на главниот град. Ѓорѓиевски порача дека Скопје заслужува повеќе и дека промените се можни – со работа, посветеност и визија.

    „Ова не е глас само за мене. Ова е глас за надежта, работата, решителноста. За иднината во која нашите деца ќе растат онака како што ние немавме шанса,“ рече Ѓорѓиевски.

    Тој нагласи дека не настапува со празни зборови, туку со конкретни резултати и реализирани проекти од Општина Кисела Вода, каде што како градоначалник се истакна со реконструкција на улици, уредување паркови и градење игралишта.

    „Тоа што го направивме во Кисела Вода е доказ дека можеме. Тоа ќе го направиме и во Скопје – во секоја населба, за секој граѓанин,“ вети тој.

    Ѓорѓиевски најави конкретни мерки уште во првите денови од мандатот, доколку ја добие довербата на граѓаните. Како прв симболичен, но суштински чекор, тој ја најави акцијата „Генералка на Скопје“ – масовна мобилизација за чистење на градот во првите 72 часа од мандатот.

    „Ќе ги мобилизираме сите – јавни претпријатија, компании, невладини, граѓани – секој што го сака Скопје. Да го исчистиме секое ќоше и да покажеме дека грижата за заедничкиот дом почнува од прагот.“

    Во план е и четиригодишна програма „Град без депонии“, која предвидува воведување дронови и дигитален надзор за следење диви депонии, како и изградба на фабрика за рециклажа.

    Ѓорѓиевски вети и „Еко бригади“ кои 24/7 ќе се грижат за јавната хигиена, како и секојдневно миење на главните булевари со вода под притисок.

    „Скопје заслужува лидери и граѓани што нема да се откажат. Ќе чекориме напред, дури и кога е најтешко. Ние заедно ќе победиме!“ – порача Ѓорѓиевски, испраќајќи силна порака за нов почеток и конкретни промени во Скопје.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.