Унгарскиот премиер Виктор Орбан во телевизиско интервју порача дека клучната цел на неговата политика во наредниот мандат ќе биде заштита на Унгарија од воениот конфликт. Орбан нагласи дека „останувањето надвор“ е неговиот главен мотив за повторна кандидатура за премиерската функција.
„Можеме ли да останеме надвор од војната, без испраќање воена и финансиска помош? Тоа се клучните прашања за следните четири години“, изјави Орбан за телевизијата АТВ. Тој додаде дека не гледа друг политички лидер кој има поголеми шанси од него да ја задржи Унгарија настрана од судирите, потенцирајќи дека земјата е под постојан притисок од ЕУ и Украина да се приклучи кон нивните позиции.

