Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители
    • Трагедијата што го промени Ратко Младиќ засекогаш, но и ден денес е мистерија
    • Последната желба на Ратко Младиќ го крши срцето
    • Драма на Халкидики: Тешко повредена туристка, едно лице уапсено
    • Германец фатен со марихуана на Табановце
    • Започнаа контролите за поевтин училишен прибор: Казни до 10.000 евра и 15 дена клуч на врата за прекршителите
    • Кој беше Ратко Младиќ
    • Сe огласи семејството на Ратко Младиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орбан е свесен дека ЕУ се подготвува да му забоде нож во грб

    Орбан е свесен дека ЕУ се подготвува да му забоде нож во грб

    11.02.2026 во 10:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Планот од пет точки на Европската Унија за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го пишувањето на бриселскиот портал Политико за постоењето на таков план.

    Орбан изјави дека „Политико, официјалниот весник на бриселската елита“, го објави најновиот воен план на Брисел и Киев, кој, според него, е петточкестиот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува МТИ.

    Тие одлучија дека Украина ќе биде примена во ЕУ веќе во 2027 година, додаде Орбан.

    „Новиот план е отворена објава на војна против Унгарија. Тие се потсмеваат на одлуката на унгарскиот народ и сакаат по секоја цена да ја отстранат унгарската влада од патот. Тие сакаат Тиса да дојде, бидејќи тогаш нема да има повеќе вета, нема да има повеќе отпор и нема да има повеќе референдуми. Сè уште можеме да ги запреме овој април. Фидес е сигурен избор за ова“, рече Орбан во објава на Фејсбук.

    Унгарската влада е посветена на спречување на пристапувањето на Украина во ЕУ, а Орбан го направи ова централен дел од неговата кампања за парламентарните избори во април. Политико вчера објави дека Брисел крои план без преседан што би можел да ѝ даде на Украина делумно членство во блокот уште следната година.

    Планот, кој порталот со седиште во Брисел го објави врз основа на интервјуа со пет дипломати кои претставуваат различни земји, како и тројца претставници на ЕУ и двајца украински претставници, имплицира „дека постојат неколку начини ЕУ да го заобиколи Орбан“.

    Првата е Брисел да почека до унгарските избори и да се надева дека Орбан ќе изгуби од својот главен ривал, Петер Маѓар, кој би имал поинаков пристап кон Украина.

    Доколку Орбан победи, лидерите на ЕУ би можеле да се обидат да го ангажираат американскиот претседател Доналд Трамп да влијае врз унгарскиот премиер да го укине ветото.

    Доколку овие две опции не успеат, ЕУ би можела да го активира Член 7 од Договорот како последно средство за да го блокира обидот на Унгарија да го блокира членството на Украина.

    Член 7 дозволува суспензија на одредени права на земја-членка, вклучително и правото на глас во Советот, доколку таа држава сериозно и постојано ги крши основните принципи на ЕУ.

    Суспензијата, исто така, го вклучува правото на државата да одлучи дали да прими нова земја, објави Политико.

    Прочитај повеќе

    Трагедијата што го промени Ратко Младиќ засекогаш, но и ден денес е мистерија

    27.08.2026 во 15:22

    Последната желба на Ратко Младиќ го крши срцето

    27.08.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.