Општина Карпош поставува „репелент“ за спречување на појава на змии

 

Во тек е акција на службите на Општина Карпош за поставување „репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите.

Стручните лица го поставија ова наменско средство околу основните училишта и детските градинки на територијата на локалната самоуправа, велат од Општината.

Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.

Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина, додаваат од Општина Карпош.

18.06.2024 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега