Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Чаир: Транспарентно и законски спроведени тендерите за инфраструктурни проекти

    Општина Чаир: Транспарентно и законски спроведени тендерите за инфраструктурни проекти

    12.06.2026 во 10:272 Mins Read
    Општина Чаир
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир појаснува дека постапките за јавни набавки за проектите „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Саат Кула – Општина Чаир“, „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Дижонска – Општина Чаир“ и „Изградба на училишен затворен спортски базен за ООУ „7 Март“ се спроведени согласно одредбите од Законот за јавни набавки, преку Електронскиот систем за јавни набавки, со почитување на принципите на законитост, транспарентност, еднаков третман и обезбедување конкуренција меѓу економските оператори.

    Во рамки на постапките биле доставени и евалуирани понуди од заинтересирани економски оператори, при што Комисијата за јавни набавки извршила детален преглед и оцена на исполнетоста на условите за учество, критериумите за избор и техничките спецификации утврдени во тендерската документација и објавените огласи.

    По завршувањето на евалуацијата е утврдено дека избраните економски оператори доставиле понуди кои во целост ги исполнуваат предвидените услови и критериуми, како и барањата од тендерската документација. Дополнително, понудените цени се во рамки на обезбедените финансиски средства, согласно донесените одлуки за јавни набавки.

    Финансиските средства за реализација на инфраструктурните проекти за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во населбите Саат Кула и Дижонска се обезбедени преку договори за користење капитални дотации наменети за единиците на локалната самоуправа, склучени помеѓу Општина Чаир, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за образование и наука.

    Општината посочува дека согласно Законот за јавните набавки, договорниот орган нема законска основа да го зема предвид времето на основање на економскиот оператор како критериум при утврдување на неговата способност за учество во постапките. Способноста се оценува врз основа на техничка и професионална способност, финансиска состојба и други законски утврдени критериуми, а не врз основа на времетраењето на постоењето на фирмата.

    Исто така, Општина Чаир врши реконструкција на водоводната мрежа, канализацијата за отпадни води и атмосферската канализација во населбата Саат Кула на следните улици: Ремзи Хоџа (Чаирска), Петре Георгиев, Мимар Синан (372), Васил Аџаларски, 157, 397, Конгреси и Манастирит (374) и Отокар Кершовани.

    Во населбата Дижонска се изведуваат работи на реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улиците: 22 Ноември (Дижонска), Ѓорѓи Томовски, Елена Ѓика (Јосиф Штурна), Имри Елези (Божин Стијков), Луигј Гуракуќи (Љубе Стоилковиќ), Халим Халимиќ, Браќа Реџепагиќ, Ферид Заири и Кемал Сејфула.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.