Општина Центар организира хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска
Општина Центар, в сабота, во Паркот на франкофонијата организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на Кара Селовска. Настанот е во организација на сите осум основни училишта и со поддршка на Општина Центар.
Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар. Поради сериозни компликации, во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија, заради дијагностицирање на нејзината болест.
Ова е втора акција што Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара.
За истата цел, Општина Центар ве кани в сабота, во Паркот на франкофонијата со цел сите ние да ѝ помогнеме на Кара успешно да го заврши лекувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа