Close Menu
Press24
    Најново

    Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“

    31.03.2026 во 10:34

    Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи

    31.03.2026 во 10:32

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа

    31.03.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“
    • Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа
    • Дамјан Гацов – Прв и најмлад Македонец помошник-тренер на универзитетски тим во САД
    • Го барале со потерница: Тетовчанец ќе лежи во затвор
    • Ужас ја потресе Македонија: Син осомничен за убиство, лажел дека таткото паднал во бања
    • Денес се празнува Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски
    • Наскоро споен викенд – Следуваат 4 дена за одмор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“

    Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“

    31.03.2026 во 10:342 Mins Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар објави Јавен повик за организација на предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“, соопштија утрово од локалната самоуправа.

    Станува збор за прв ваков фестивал, кој има за цел да го развива интересот и љубовта кон музиката кај најмладите, да ги открие новите таленти и афинитети на децата, како и да ја промовира креативноста на воспитниот и стручниот кадар во градинките. Настанот ќе се одвива преку јавна презентација на оригинални детски песни, создадени од вработените во предучилишните установи, посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

    Од локалната самоуправа објаснија дека избраниот организатор ќе биде задолжен за целосна реализација на фестивалот. Тоа вклучува изработка на јасно дефинирана агенда и сценарио, програма со оригинални песни на децата, музичка и сценска поддршка за нивната изведба, ангажман на водител со искуство во детски и културни настани, логистика за учесниците, придружни активности за најмладите, како и подготовка на промотивни материјали за јавна видливост на настанот.

    Фестивалот е закажан за 18 мај 2026 година и ќе се одржи во „Паркот на франкофонијата“. Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од објавувањето на јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар.

    Повеќе информации за фестивалот и начинот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар.

    Популарно

    Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“

    31.03.2026 во 10:34

    Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи

    31.03.2026 во 10:32

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на следните избори ќе освојат помалку од 100.000 гласа

    31.03.2026 во 10:29

    Дамјан Гацов – Прв и најмлад Македонец помошник-тренер на универзитетски тим во САД

    31.03.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.