Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновска: Опозицијата прави хистерија за водата во Гостивар за да дефокусира од системот што го распадна

    Андоновска: Опозицијата прави хистерија за водата во Гостивар за да дефокусира од системот што го распадна

    24.07.2026 во 21:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обвинувањата од страна на опозицијата за состојбата со водата за пиење во Гостивар се неосновани, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директорка на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за време на гостувањето во централниот Дневник на ТВ Сител.

    Таа посочи дека нападите доаѓаат од оние кои зад себе оставиле нефункционални институции и распаднат систем.

    „Во однос на контролата и надлежноста на институтот, самите обвинувањата се неосновани, мотивом за сето тоа мислам дека знам од каде доаѓа, од причина што оние кои оставија една распадната држава, еден распаднат систем, распаднати институции, нема пора во општеството коешто ја оставија функционална“, вели Андоновска.

    Директорката на ИЈЗ направи споредба со состојбата во која го заварила Институтот на самиот почеток од нејзиниот мандат, за време на епидемијата од пертусис.

    „Еден реагенс немаше. Замислете еден реагенс за да можете да дијагностицирате дали некој има пертусис или не, за да му дадете соодветна терапија. Истите тие коишто ги создаваат и креираат проблемите, што прават хистерија во моментов, оставија во Институтот десет тони хемиски опасен отпад во кругот на Клинички центар, непрописно складиран, со паднат покрив каде што самиот отпад веќе почнал да испарува и, веројатно, можел да создаде одредени здравствени проблеми како што кажуваат стручните лица. Значи, можело да настане и хаварија и експлозија од невидени размери“, истакна Андоновска.

    Според неа, сегашните критики се обид за дефокусирање на јавноста од вистинските причинители на проблемите.

    Таа апелираше да се прекинат политичките напади бидејќи тие не нудат конкретни решенија за граѓаните.

    „Додека од друга страна Владата ги презема обврските што треба да ги има општината за да формира кризен штаб, се вклучуваат многу институции за да можат, што е најважно, да се стабилизира здравствената состојба и граѓаните да добијат вода за пиење. Јас верувам дека институциите ќе останат фокусирани, нема да бидат дефокусирани од овие неаргументирани напади и ќе ја стабилизираат состојбата, а во иднина и ќе го стабилизираат целокупниот систем распаднат систем којшто ни го оставија“, рече Андоновска.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.