Close Menu
Press24
    Најново

    „Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази

    12.05.2026 во 19:21

    Венера Азизи: Историски чекор против коцкањето, Владата со строги мерки за заштита на младите

    12.05.2026 во 19:02

    Мисајловски на средби со Калинак и Зуна: Продлабочување на одбранбената соработка со Словачка и Чешка

    12.05.2026 во 18:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази
    • Венера Азизи: Историски чекор против коцкањето, Владата со строги мерки за заштита на младите
    • Мисајловски на средби со Калинак и Зуна: Продлабочување на одбранбената соработка со Словачка и Чешка
    • СДСМ: Зошто ВМРО има проблем со малцинствата кога пола влада се Бугари?
    • Првиот човек на СЗО итно во Шпанија поради опасниот хантавирус
    • Метео-аларм: Утре невреме со дожд, грмежи и град низ Македонија
    • Филипче: Ваква криминална банда не ја водела државата никогаш
    • Мерџаноски за состојбата на избодениот ученик: Стабилен, но во животна опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази

    „Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази

    12.05.2026 во 19:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешното рочиште за судскиот предмет „Онкологија 2“ адвокатите на двајцата обвинети изразија различни ставови за начинот на изведување на обемните материјални докази. Додека одбраната на првообвинетиот Никола Васев побара од судот селекција и читање само на клучните докази за да се избегне неоправдано одолжување, бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи инсистира секој доказ да биде поединечно изведен во судницата.

    Бранителот на Васев, адвокатот Боби Спирковски, реагира на механичкото читање на илјадници страници докази од економско-финансиска природа оценувајќи го како нарушување на начелото на ефикасност и непотребно пролонгирање на постапката.

    Спирковски му предложи на судот да определи читање само на клучните и на спорните докази, кои се директно релевантни за инкриминациите, а другите материјални докази да се сметаат за изведени со увид. Доколку продолжи досегашната практика, одбраната на Васев најави дека ќе побара раздвојување на постапката.

    – Доколку и покрај интервенцијата на судот продолжи практиката на очигледно одолжување на постапката преку изведување огромен број нерелевантни материјални докази, ќе бидеме принудени да употребиме и дополнителни процесни механизми предвидени со ЗКП, вклучително и евентуален предлог за раздвојување на постапката во согласност со член 29 од ЗКП по основ на разни сфери на одговорност на обвинетите доколку понатамошното заедничко водење на постапката почне сериозно да го загрозува правото на обвинетиот Васев на судење во разумен рок и ефикасна одбрана – истакна Спирковски.

    Спротивно на овој предлог, бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи, адвокатката Анита Бегова, нагласи дека под превезот на ефикасност не смее да се занемарат правата на обвинетите во докажувањето на нивната невиност.

    Бегова посочи дека одбраната доследно се јавува на секоја покана, не ја одолжува постапката и инсистира сите докази физички да бидат присутни во судницата за да се изврши увид во нивната веродостојност и изворна точност.

    – Ефикасноста на постапката не значи неизведување докази, односно префрлање наслови на докази од УСБ-стик на која било страна, без презентирање на таквите докази. Ова дотолку повеќе што основно начело на кривичната постапка е никој невин да не биде осуден и секој виновен да одговара пред законот – потенцира Бегова нагласувајќи дека не прифаќа и не дава согласност поинаку да се изведуваат предложените докази.

    Со ставот на својата бранителка пред судот се согласи и второобвинетиот Нухи.

    – Се согласувам со наводите на мојот бранител и барам секој доказ што мене ми се става на товар да биде читан – изјави Нухи.

    Во предметот „Онкологија 2“, Никола Васев и Нехад Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што, според обвинението, го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината.

    Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти.

    Прочитај повеќе

    Венера Азизи: Историски чекор против коцкањето, Владата со строги мерки за заштита на младите

    12.05.2026 во 19:02

    Мисајловски на средби со Калинак и Зуна: Продлабочување на одбранбената соработка со Словачка и Чешка

    12.05.2026 во 18:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.