Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

    ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

    23.06.2026 во 22:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во тек е планот за евакуација што треба да им овозможи на стотици бродови со околу 11.000 морнари, заглавени во Персискиот Залив, да испловат низ Ормуската Теснина, откако Иран и САД постигнаа договор за прекин на огнот, соопшти денеска поморската агенција на Обединетите нации.

     Почнавме да стапуваме во контакт со бродовите за да ја започнеме евакуацијата – изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација (ИМО), без да наведе временска рамка.

    Организацијата соопшти дека ги обезбедила потребните безбедносни гаранции и ги проверила условите за безбедна пловидба.

    – Оваа обемна операција ќе биде спроведена во тесна соработка со Иран, Оман, со сите други крајбрежни држави во регионот, со Соединетите Американски Држави и со поморската индустрија – изјави генералниот секретар на ИМО, Арсенио Домингез.

    Оманското Министерство за одбрана, во посебно соопштение, наведе дека процесот на евакуација на ИМО, за кој се разговара со месеци, ќе се одвива во повеќе фази.

    „Со оглед на зголемениот ризик од судири во сегашните услови, потребна е постепена и контролирана евакуација на бродскиот сообраќај“, се наведува во соопштението.

    Министерството соопшти дека таканаречената шема за одвоени пловни правци во моментов не е безбедна и дека за евакуацијата би можеле да се користат две привремени рути – северна и јужна.

    „Со секој брод ќе биде воспоставен поединечен контакт и тој ќе биде известен за денот што му е определен за транзит, во координација со ИМО“, се додава во соопштението.

    Шемата, усвоена од ИМО во 1968 година, воспостави пловни рути низ иранските и оманските води во Ормуската Теснина.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.