Омилената намирница на Новак Ѓоковиќ : Ги јакне коските и срцето, а ја има во сите маркети

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ внимателно внимава на својата исхрана, здравјето и тоа што внесува во организмот.

Секое утро го започнува со чаша топла вода со лимон, како и сок од целер, кои супер делуваат на активирање на организмот и негово прочистување. Целерот исто така помага за брзо варење на храната. Кога станува збор за ужива, особено ужина која треба да му ја крене енергијата за време на натпревари или напорни трениинзи, тој обожава да јаде урми и банани.

Уште една супернамирница е дел од неговото мени. Индиски ореви. Тие се здрави, нискокалорични и вкусни. Изобилуваат со цинк, калиум, фосфор, антиоксиданси, витамин Б6, бакар, витамини и минерали. Помагаат за подобро варење на храната, за редовно празнење на цревата, слабеење, ги штитат коските и помагаат да се намали нивото на шеќер во крвта. Многу се корисни и здрави и за срцето.

Покрај нив, за ужива сака да јаде и јаболки. Неговите ужини се вкупно две, една претпладне и една попладне. Секогаш бира леб без глутен, а негов избор се и крекери со авокадо или туна. Ова е неговото мени за претпладневна ужина, додека попладне сака јаболки со индиски ореви или диња.

Новак Ѓоковиќ смета дека животот му се променил откако бира што ќе јаде и јаде што му одговара на неговото тело.

11.02.2024 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега