По празнувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, граѓаните до крајот на годината ги очекуваат уште неколку неработни денови.
Следниот неработен ден за сите граѓани е 11 Октомври – Денот на народното востание, кој во 2026 година се одбележува во недела, па неработен ќе биде понеделник, 12 Октомври.
Потоа следува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој во 2026 година се паѓа во петок и ќе биде неработен ден за сите граѓани.
Во декември, неработен ден за сите граѓани е 8 Декември – „Св. Климент Охридски“, кој оваа година се одбележува во вторник.

