Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД – Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година.
Оваа иницијатива е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународниот пазар врз домашниот пазар на горива.
Попустот ќе важи за трговците кои работат на продажба на големо и мало и набавуваат бензин од ОКТА. Со оваа мерка компанијата им овозможува поддршката да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на крајните потрошувачи. Како и досега, големопродажните и малопродажните трговци самостојно ќе ги утврдуваат своите крајни малопродажни цени, во согласност со нивните комерцијални политики и пазарните услови.
Вкупно, се очекува придонесот на Компанијата за поддршка на пазарот да надмине 7 милиони евра. Истовремено, ОКТА останува посветена на обезбедување сигурно и непречено снабдување со горива, притоа зачувувајќи ја долгорочната стабилност на своето работење и синџирот на снабдување.
- Инцидент на Треска: Пијан кичевец нападнал рибочувар со остар предмет
- ВИДЕО: Ги украде цвеќињата од гробот на нашиот син – реакција на таткото на тапанарот на ДНК
- МВР со детали за сообраќајката на Стража – едно лице итно пренесено во болница
- Приведени две лица во Скопје, полицијата кај нив пронашла марихуана и шише со течност
- Му ја земал личната карта на татко му за да подигне брз кредит – штипјанец кривично ќе се гони
- Тешка несреќа кај Конче: Маж без дозвола со трактор излетал во провалија
- Муцунски од Меѓународниот парламент за толеранција и мир: Иднината се гради врз дијалог, а не врз омраза
- ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар: Компанијата воведува попуст од 2 денари за бензините


