Вчера во 16:50 часот во атар на с.Србјани, до река Треска, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Д.(69) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава од М.Б.(60) од Кичево, вработен како рибочувар во риболовно друштво, дека во 16:45 часот физички го нападнал, при што се обидел да употреби и остар предмет.

При лишувањето тој агресивно се однесувал кон полициските службeници, а по извршените проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version