Close Menu
Press24
    Најново

    OJO поднесе обвинение против сопругот на Ивана – ќе се гони за три кривични дела

    13.03.2026 во 14:57

    Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

    13.03.2026 во 14:37

    Суспендиран професорот од средното училиште „Лазар Личеноски“: Јаневска потврди дека инспекторатот веќе постапува

    13.03.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • OJO поднесе обвинение против сопругот на Ивана – ќе се гони за три кривични дела
    • Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
    • Суспендиран професорот од средното училиште „Лазар Личеноски“: Јаневска потврди дека инспекторатот веќе постапува
    • ОКТА: Од денеска до крајот на месецот обезбедуваме попуст од 2 денари по литар дизел и бензини
    • Му дозволил пристап до својот компјутер:„Директор“ на фирма за криптовалути „олеснил“ битолчанец за 340.000 денари
    • Мицкоски: Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа
    • Николоски: Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани
    • Инцидент во ЈП „Комунална хигиена Скопје“: Вработен нападнал контролор додека му вршел проверка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОКТА: Од денеска до крајот на месецот обезбедуваме попуст од 2 денари по литар дизел и бензини

    ОКТА: Од денеска до крајот на месецот обезбедуваме попуст од 2 денари по литар дизел и бензини

    13.03.2026 во 14:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ОКТА, водечки снабдувач со горива во Република Северна Македонија, објави иницијатива
    насочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува иницијатива за поддршка на пазарот.

    Почнувајќи од денеска (13 март 2026), заклучно со крајот на овој месец, ОКТА ќе обезбеди попуст од 2 денари по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата, овозможувајќи им со тоа на големопродажните и малопродажните партнери дополнителна флексибилност оваа поддршка да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на своите потрошувачи. Трговците на големо и мало и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат своите продажни цени, во согласност со сопствените комерцијални политики и пазарните услови.

    Врз основа на очекуваните количини на горива кои треба се пласираат на домашниот пазар до крајот на овој месец, оваа иницијатива претставува вкупен придонес за поддршка на пазарот од страна на ОКТА во износ од околу 2 милиони евра. Тоа ја одразува посветеноста на компанијата кон сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и ублажување на тековните пазарни притисоци.

    Во оваа прилика, главнот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, изјави:

    „Препознавајќи ги предизвиците во енергетскиот сектор што ги донесе актуелната состојба, ОКТА презема конкретни чекори за поддршка на пазарот и потрошувачите. Во овој контекст, зајакнувањето на снабдувањето преку продуктоводот ВАРДАКС игра значајна улога во обезбедувањето стабилност и континуитет во снабдувањето со горива низ целата земја“.

    „Како општествено одговорен снабдувач со енергија, ОКТА е посветена да обезбеди ова зајакнато снабдување да се претвори во конкретна поддршка за пазарот. Поради тоа, почнувајќи од денеска, па сè до крајот на месец март, ОКТА воведува попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини, за трговците на големо и мало кои набавуваат горива од ОКТА, со што им се овозможува оваа придобивка да ја пренесат кон крајните потрошувачи. Сепак, трговците на големо и мало остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени. Оваа иницијатива ја одразува долгогодишната посветеност на ОКТА да го поддржува пазарот, домаќинствата и бизнисите во периоди на зголемени предизвици“, потенцираше Пасхос.

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, изјави:

    „Зајакнувањето на снабдувањето со горива преку продуктоводот ВАРДАКС претставува значаен чекор напред за енергетската безбедност на земјата и отпорноста на нашиот пазар на нафтени деривати. Во период кога меѓународните енергетски пазари остануваат непредвидливи, а цените се под влијание на глобалните случувања, обезбедувањето сигурно снабдување и стабилност за граѓаните и бизнисите претставува клучен приоритет на Владата. Зголемениот капацитет на продуктоводот придонесува за зајакнување на енергетската инфраструктура на земјата и ја зацврстува позицијата на Република Северна Македонија во рамки на регионалната енергетска
    мрежа“.

    „Иницијативите, како што е оваа на ОКТА, кои овозможуваат зајакнато снабдување и истовремено го претвораат во директна поддршка за потрошувачите, се особено важни, бидејќи помагаат да се намали притисокот врз домаќинствата и бизнисите, истовремено одржувајќи ја стабилноста на домашниот пазар на нафтени деривати.

    Ги поздравуваме напорите кои придонесуваат за поддршка на граѓаните и стабилноста на енергетскиот систем, особено во период кога координираното дејствување помеѓу институциите и приватниот сектор е од суштинско значење за справување со актуелните предизвици со кои се соочува енергетски сектор“, истакна Божиновска.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.