Close Menu
Press24
    Најново

    Максим Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

    13.03.2026 во 17:14

    Завршува зимското сметање на времето – ќе спиеме еден час помалку

    13.03.2026 во 16:54

    Викенд хороскоп: Кои знаци ќе направат храбар чекор, а кои ќе ги расчистат сметките со минатото

    13.03.2026 во 16:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Максим Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис
    • Завршува зимското сметање на времето – ќе спиеме еден час помалку
    • Викенд хороскоп: Кои знаци ќе направат храбар чекор, а кои ќе ги расчистат сметките со минатото
    • Викендов сонце и облаци, од вторник и пад на температурите
    • Тревога во Турција: Трет ирански проектил соборен пред да удри во нуклеарното гнездо на НАТО, САД го повлекуваат персоналот
    • Добра вест за земјоделците: Исплатени над 260 милиони денари субвенции за 1.600 корисници
    • Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните
    • 11 возачи останаа без своите возила: Полицијата прави чистка по патиштата низ Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО поднесе обвинение за злоупотреби во прилепската болница: Поранешна директорка и вработени „испумпале“ милиони преку фиктивни налози и кафеани

    ОЈО поднесе обвинение за злоупотреби во прилепската болница: Поранешна директорка и вработени „испумпале“ милиони преку фиктивни налози и кафеани

    29.01.2026 во 10:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

    За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа Болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот од почетокот на 2022 до јули 2024 година противправно присвоиле пари доверени во службата и прибавиле значителна имотна корист во вкупен износ од 9.605.081 денари.

    Преку фиктивни налози за работа и обрасци/каси исплати со невистинита содржина за наводно извршени работи за потребите на болницата на физички лица им исплаќале средства од остварениот промет од наплата на партиципација за здравствени услуги, без користење на системот на УЈП, без склучени договори за дело и без документација за оправданост на трошењето.

    Исплатите често се правдале со фискални сметки за гориво, но и со фискални сметки од пицерии, ресторани, кафеани, кафулиња, слаткарници и други угостителски објекти, односно како трошења кои не биле за потребите на болницата.

    Со цел да ги прикријат дејствијата, во компјутерскиот сметководствен систем на болницата внесувале податоци со невистинита содржина и вршеле корекции на креираните записи, внесувајќи нови износи кои одговарале на фиктивно изготвени налози за работа.

    За дејствијата на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в се обвинети поранешната директорка и еден обезбедувач во болницата, управител и двајца сопственици на правно лице за обезбедување на имот и лица, како и самата агенција за обезбедување.

    Сите тие заеднички, со умисла, во два наврати, свесно ги повредиле прописите за доделување на договор за јавна набавка, со неизвршување на обврските од договорот за физичко обезбедување на болницата и со намера истиот да се изигра, па со тоа му овозможиле на обвинетото правно лице да оствари значителна имотна корист во вкупен износ од 6.567.538 денари, додека на болницата и била нанесена значителна штета.

    Иако ангажираната фирма не ги исполнувала обврските од договорот, се вршела фиктивна евиденција и услугите редовно им се исплаќале по доставените фактури.

    Освен ова, поранешната директорка на прилепската болница е обвинета и за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи во повеќе наврати кон угостителски објекти – кафеани и ресторани, како и кон колонијални продавници одобрувала исплата на средства од контото – храна за болни, иако набавените услуги и производи не биле наменети за потребите на хоспитализираните пациенти во болницата.

    На овој начин и нанела поголема имотна штета на болницата во вкупен износ од 1.439.987 денари.

    Во периодот од 2022 до 2024 година обвинетата вршела и неосновани исплати на додатоци за прекувремена работа на повеќе селективно избрани вработени со што буџетот на болницата го оштетила за дополнителен вкупен износ од 1.850.895 денари.

    Во однос на еден дел од дејствијата кои беа предмет на истрагата поведена по кривична пријава од Управата за финансиска полиција и врз основа на наоди од Државниот завод за ревизија, продолжува истражна постапка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.