Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните

    13.03.2026 во 15:39

    11 возачи останаа без своите возила: Полицијата прави чистка по патиштата низ Македонија

    13.03.2026 во 15:34

    Шест пријави за семејно насилство за само еден ден – Нападнати деца, сопруги и мајки

    13.03.2026 во 15:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните
    • 11 возачи останаа без своите возила: Полицијата прави чистка по патиштата низ Македонија
    • Шест пријави за семејно насилство за само еден ден – Нападнати деца, сопруги и мајки
    • OJO поднесе обвинение против сопругот на Ивана – ќе се гони за три кривични дела
    • Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција
    • Суспендиран професорот од средното училиште „Лазар Личеноски“: Јаневска потврди дека инспекторатот веќе постапува
    • ОКТА: Од денеска до крајот на месецот обезбедуваме попуст од 2 денари по литар дизел и бензини
    • Му дозволил пристап до својот компјутер:„Директор“ на фирма за криптовалути „олеснил“ битолчанец за 340.000 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » OJO поднесе обвинение против сопругот на Ивана – ќе се гони за три кривични дела

    OJO поднесе обвинение против сопругот на Ивана – ќе се гони за три кривични дела

    13.03.2026 во 14:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

    Обвинетиот, на 2 март на повеќе локации во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ја поврeдил неговата сопруга. Ја удирал со шлаканици и тупаници, нанесувајќи и телесни повреди, од кои таа во еден момент и изгубила свест. Истиот ден, на паркингот зад Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот упатил и сериозни закани кон оштетената дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, со што предизвикал кај неа чувство на несигурност, загрозување и страв.

    Согласно обезбедените докази, обвинетиот подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која спрема него се наоѓала во положба на фактичка и егзистенцијална зависност и подреденост, па поради таквото постапување таа на 2 март извршила самоубиство кое може да се припише на небрежност на обвинетиот. Обвинетиот издејствувал сега починатата Ивана Јовановска во ноември 2022 година да му го отстапи со Договор за дар својот идеален дел од станот во кој живееле заедно со нивната малолетна ќерка, со тоа што оштетената и детето требало да останат да живеат во станот. Но, по стекнувањето на сопственоста, обвинетиот започнал психички и физички да ја малтретира, а во 2025 година интензитетот на малтретирањата преоѓа во сурово и нечовечко постапување кон сопругата.

    Обвинетиот се почесто ја тепал и ја омаловажувал во нивниот дом во присуство на нивната малолетна ќерка, на јавни места, и пред други сведоци, заканувајќи и се дека ќе ја избрка од домот каде живееле, и дека ќе ѝ ја одземе нивната малолетна ќерка. Кога на критичниот ден жената повторно била изложена на неговото психичко и физичко малтретирање на повеќе локации, како и на неговите закани и навреди, се вратила во станот заедно со детето. Побарала да се качи сама со ќерката во станот за да се спакува и да замине, но обвинетиот инсистирал да се качи со неа каде продолжил да и се заканува. Сведок на настанот го оттурнал обвинетиот и заедно се симнале пред зградата за да ја почекаат оштетената да се спакува.

    Но, малтретирањето ја довело оштетената во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв, безнадежност и чувство на безизлезност, и таа без разумно да управува и да ги контролира своите постапки, извршила самоубиство, скокајќи од терасата на станот од шестиот кат заедно со нивното малолетно дете.

    Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можноста да продолжи да врши насилнички кривични дела.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.