Основното јавно обвинителство Прилеп побара мерка куќен притвор за главниот благајник во прилепската болница „Борка Талески“, кој се сомничи дека проневерил над 15 милиони денари.

Постапувајќи по кривичната пријава од Финансиската полиција, обвинителот донел наредба за истражна постапка. Според доказите, осомничениот во периодот од 2020 до 2021 година, парите наплатени од пациенти за партиципација и приватни услуги не ги уплаќал на сметката на болницата.

„Тој во повеќе наврати дел од наплатените и примените парични средства од шалтерите на болницата… не ги уплатил на банкарската сметка на болницата, не изготвил обрасци „каса-прими“ и истите противправно ги присвоил за себе со што прибавил значителна имотна корист во вкупен износ од 15.063.284 денари“, соопштија од ОЈО.

Exit mobile version