ОЈО: Обид за убиство на малолетник во тетовско, покрената истрага

 


Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво. Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело.

29.09.2024 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа