Close Menu
Press24
    Најново

    Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови

    27.10.2026 во 19:47

    Глобална дипломатска иницијатива: Русија и Кина подготвени да го поддржат Виктор Орбан за шеф на ОН

    27.10.2026 во 19:29

    Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка

    27.10.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови
    • Глобална дипломатска иницијатива: Русија и Кина подготвени да го поддржат Виктор Орбан за шеф на ОН
    • Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка
    • Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 
    • Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 
    • Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина
    • Неочекувана понуда од Кремљ: Путин му гарантира целосна безбедност на Зеленски доколку ја посети Москва
    • Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО бара притвор за тројца од четворицата уапсени во акцијата во Брвеница

    ОЈО бара притвор за тројца од четворицата уапсени во акцијата во Брвеница

    30.01.2026 во 18:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражни постапки против вкупно четири лица по извршените претреси во тетовското село Брвеница, при што биле пронајдени наркотична дрога и поголема количина оружје и муниција.

    Според информациите од Обвинителството, тројца од приведените се сомничат за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Кај еден од нив биле пронајдени пиштол со два куршуми во рамка и дополнителни 20 куршуми за автоматска пушка. Кај вториот осомничен полицијата открила 55 куршуми, од кои дури 53 биле боева муниција чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Кај третиот осомничен бил пронајден пиштол без шаржер.

    Четвртото лице е под истрага за „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“, бидејќи при претресот кај него биле пронајдени 3,15 грама кокаин.

    По завршувањето на 48-часовниот притвор, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за тројца од осомничените, додека за еден се предложени мерки на претпазливост.

    Прочитај повеќе

    Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица

    27.10.2026 во 18:18

    Пешак тешко повреден во сообраќајка на булеварот „3 Македонска бригада“

    27.10.2026 во 17:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.