Close Menu
Press24
    Најново

    Јавното обвинителство поднесе обвинение за директорот: Зел 50.000 евра за да влијае врз судија

    20.03.2026 во 11:57

    СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи

    20.03.2026 во 11:55

    Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина

    20.03.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јавното обвинителство поднесе обвинение за директорот: Зел 50.000 евра за да влијае врз судија
    • СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи
    • Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина
    • Нафтата под притисок, златото расте, изјавите на Нетанјаху и Трамп го смируваат пазарот
    • Македонците живеат пет години помалку од Европејците: Жените и натаму со подолг животен век од мажите
    • Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам: „Да бидеме луѓе на мирот и правдата“
    • Променливо облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер
    • Официјално започнува пролетта: Денот сè подолг, времето променливо облачно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Официјално започнува пролетта: Денот сè подолг, времето променливо облачно

    Официјално започнува пролетта: Денот сè подолг, времето променливо облачно

    20.03.2026 во 10:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Жителите на северната хемисфера денеска го пречекуваат новото годишно време. Пролетта во нашата земја официјално ќе настапи попладнево, точно во 15 часот и 46 минути, додека во истиот момент на јужната полутопка на Земјата започнува есента.

    Ова е 79-от ден во годината, а карактеристично за пролетната рамноденица е изедначувањето на денот и ноќта. Денешниот прв пролетен ден ќе трае 12 часа и 08 минути; сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Пролетта ќе ни биде гостин точно 92 дена, сè до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски ќе ѝ отстапи место на летото.

    Што се однесува до временските прилики за првиот ден од пролетта, синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а на одредени места и повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури во државата се движат во интервалот од -2 до 3 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 8 до 16 степени.

    Слично време се очекува и во главниот град. Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до 2 степена, а максималната дневна ќе се искачи до 15 степени.

    Популарно

    Јавното обвинителство поднесе обвинение за директорот: Зел 50.000 евра за да влијае врз судија

    20.03.2026 во 11:57

    СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи

    20.03.2026 во 11:55

    Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина

    20.03.2026 во 11:00

    Нафтата под притисок, златото расте, изјавите на Нетанјаху и Трамп го смируваат пазарот

    20.03.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.