Одреден притвор за гостиварецот што си ја закла сопругата - откако свирепо ја убил избегал со велосипед

Осомничениот за убиството кое се случи пред два дена во Гостивар е приведен и определен му е притвор од 30 дена.

Тој бил лишен од слобода вчера напладне, откако полицијата повеќе од еден ден трагаше по него.


„Осомничениот 67-годишен гостиварец, на 9 септември, при вршење семејно насилство, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Тие подолг временски период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден осомничениот влегол во дневната соба со секира во рацете и на оштетената и задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа од кујната зел нож и со него и задал повеќе убоди во стомакот“, велат од Обвинителството.

Откако се уверил дека ја убил, излегол од куќата и најпрвин со велосипед, а потоа и пеш се упатил во правец на Сува Гора. Извесно време бил во шумата над селото Страјане, но потоа се симнал на патот, каде бил фатен и лишен од слобода од овластени полициски службеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега