Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одложено рочиштето против 13 полициски службеници за „Пулс“: Судот најави присилно доведување на сведоците преку полиција

    Одложено рочиштето против 13 полициски службеници за „Пулс“: Судот најави присилно доведување на сведоците преку полиција

    14.09.2026 во 12:553 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одложи рочиштето во судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.

    Причината за одложувањето е неприсуството на сведоците предвидени за рочиштето. Како што информира судот, некои од поканите за сведоците се вратиле како неуредно доставени или со ознака „не барал“, а за други нема доказ дека се примени. 

    Еден сведок, соопшти обвинителката Спасенка Андонова, телефонски потврдил дека ја примил поканата, но навел дека ќе дојде само доколку обезбеди превоз до Скопје.

    Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска најави дека за наредното рочиште поканите ќе бидат доставени преку полициска станица. Доколку сведоците повторно не се појават, како што рече, ќе бидат применети законски механизми – глоба и присилно доведување. Следното рочиште е закажано за 21 септември.

    По денешното рочиште, Драги Стојанов, татко на Панче Стојанов, изрази незадоволство од повторното одложување и упати апел до судот да ги употреби сите механизми.

    – Ние препорачуваме судот, и покрај тоа што сведоците не се доведени, уредно да ги покани, да ги повика и да стапи во контакт со нив за да се утврди причината. Ние губиме време, нерви и имаме голем стрес кога доаѓаме тука. Го повикувам судот уредно да ги покани и да ги искористи сите механизми што треба – ако е потребно, и со полициска придружба да ги доведе. Можеби некој од сведоците е под закана или не му е дозволено да дојде. Нека се изјаснат. Им препорачуваме на сведоците да дојдат и да ја кажат вистината, да не се плашат и да не подлегнуваат на закани и притисоци – рече тој.

    Стојанов истакна и дека семејствата се соочуваат со притисоци од адвокатите за, како што рече „она што го зборуваме за нив“.

    – Адвокатите ни се закануваат дека ќе ни поднесат кривични пријави за она што зборуваме за нив. Ќе им препорачаме пред да поднесат кривична пријава да стават прстот на глава и да си размислат, да си ги смениме страните на 10 минути и да размислат како ќе беше ако неговото дете беше тоа. Ако мисли дека со кривични пријави ќе земе пари од мене, до тие ли пари им дојде – рече тој.

    Информира дека в среда ќе се одржи марш по повод една и пол година од трагичниот настан. 

    – Да дојдат луѓето и да ни дадат поддршка. Со давањето поддршка нам, даваат поддршка на сите да не се случи повторно, кога ќе ги пуштат децата во диско, да се вратат безбедни – дополни тој.

    Судењето е поврзано со трагичниот пожар што избувна на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 63 лица, а беа повредени над 200 лица.

    Според обвинението, полициските службеници, кои биле дежурни, биле ангажирани и во дискотеката, но не ја прекинале забавата, ниту спречиле користење пиротехника

    Прочитај повеќе

    Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот

    07.10.2026 во 23:30

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.