Малото село Шушњевци, кое се наоѓа во општина Буковље во близина на Славонски Брод, во вторник попладне го потресе крвав злостор, а според неофицијалните информации објавени од 035portal, жртвата на убиството е Зоран Гргиќ.
Гргиќ е роден во Славонски Брод во 1963 година, каде што завршил основно и средно училиште и студирал во тој град (веднаш до Загреб), објавува Независне новине.
Тој бил пратеник во парламентот од редовите на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во почетокот на 2000-тите.
„Во јавноста беше запаметен како пратеник кој се залагал за развој на Славонија и зајакнување на локалната инфраструктура. Освен што бил политички активен, учествувал и во општествениот живот на Славонски Брод и Бродско-посавинската жупанија“, вака го опишуваат Гргиќ хрватските медиуми.
Тој беше и член на Советот за цивилен надзор на безбедносните и разузнавачките служби на Хрватскиот парламент.
На оваа позиција беше назначен три мандати, од 2003 до 2016 година, на предлог на Хрватското здружение на политички затвореници.
Тврдеше дека бил малтретиран од тогашната Служба за државна безбедност поради неговите политички ставови и дека поминал извесно време во затворите во Бања Лука и Пожега.
Застапуваше десничарски политички ставови, неколку пати се појавуваше како гостин кај десничарскиот лидер Велимир Бујанац, а во 2015 година поднесе жалба против тогашниот премиер Зоран Милановиќ, министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ и министерот за ветерани Предраг Матиќ за нивниот став кон протестите на ветераните, сите од нив ги обвини за велепредавство.