Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ на покана на
Заедницата на Србите во Македонија-Битола, денес положи свежо цвеќе на
Српските воени гробишта во Битола.

Повод е одбележувањето на 110 години од Кајмакчаланската битка.

Годинава српската заедница во Битола настанот го одбележува под мотото
„Сеќавање што трае, благодарни и денес“.

Вечерва во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи Академија „110 години
од Кајмакчалан“.

Exit mobile version