Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одбележување 165 години од „Зборникот на Миладиновци“ 

    Одбележување 165 години од „Зборникот на Миладиновци“ 

    08.06.2026 во 08:321 Min Read
    Фото: ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе одбележи 165 години од објавувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“ со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“.

    Од библиотеката информираат дека одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов во развојот на македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет.

    Настанот ќе го отвори директорката на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Анета Механджијска, по што ќе следува стручен осврт за „Зборникот“ и за творештвото на браќата Миладиновци од Братислав Ташковски.

    Во рамки на програмата е предвидена и актерска изведба на избрани песни и текстови од „Зборникот на браќата Миладиновци“, како и изложба на сите изданија на делото и други публикации поврзани со Миладиновци од библиотечниот фонд.

    „Зборникот на браќата Миладиновци“, објавен во 1861 година, се смета за едно од најзначајните дела во македонската културна и книжевна историја, со трајно значење за зачувување на народното творештво и јазичното наследство.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.